21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБезос само неколку часа беше најбогат човек во светот

Безос само неколку часа беше најбогат човек во светот

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, титулата најбогат човек во светот ја презеде од Бил Гејтс, но сепак не за долго.

Имотот на Безос беше проценет на 91,4 милијарда американски долари. Акциите на Безос во четвртокот пораснале 2,5 отсто поради што неговото богатство беше поголемо за 1,4 милијарда долари од основачот на „Мајкрософт“. Сепак според денешните податоци на „Форбс“ лидер повторно е Бил Гејтс со богатство од 89,8 милијарди долари, а пак Безос има 88,7 милијарди долари.

Безос поседува 17 отсто од акциите на „Амазон“, чија вкупна вредност ја надмина сумата од 500 милијарди долари.

Откако ја основа платформата за интернет-продажба, Безос се фокусира на работата со вселенската ракета „Блу оринџ“ и со весникот „Вашингтон пост“, кој во 2013 година го купи за 250 милиони долари.

Претходно оваа година Безос платил 23 милиони долари за стариот музеј на текстил во Вашингтон и го претворил во семеен дом.

Безос поседува недвижности и во Сиетл и Беверли Хилс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП