4 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche ја зголеми прогнозата за 2017-та година по силното прво полугодие

Roche ја зголеми прогнозата за 2017-та година по силното прво полугодие

„Roche“, најголемиот производител на лекови против рак, ја зголеми својата прогноза за 2017-та година, откако финансиските резултати во првата половина на годината ги надминаа пазарните очекувања во момент во кој портфолиото на лекови на швајцарската групација е исправено пред конкуренцијата на други компании, соопшти „CNBC“.

Во 2017-та година „Roche“ очекува продажбата да забележи едноцифрен раст при постојани девизни курсеви. Добивката по акција се очекува да расте во голема мера во согласност со продажбата. Компанијата очекува и дополнително зголемување на дивидендата во швајцарски франци, објави таа во соопштението.

Добивката по акција се зголемува со 6% до 8,23 швајцарски франци, претекнувајќи 5 отсто раст на продажбата до 26,34 милијарди швајцарски франци.

Аналитичарите, анкетирани од „Ројтерс“, очекуваа добивката по акција да биде во износ од 7,93 швајцарски франци, а продажбата да изнесува 26,11 милијарди швајцарски франци.

Главниот извршен директор на „Roche“, Северин Сван коментира дека продажбата на компанијата ќе продолжи да расте и покрај појавата на биоподобни производи, вклучувајќи го лекот „Ocrevus“ против мултиплекс склероза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП