Во периодот од 01.01-30.06.2017 година Банката од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 39,2 милиони денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 201,3 милиони денари.
Влијание врз намалениот финансиски резултат во извештајниот период има значителното зголемување на исправката на вредност на корпоративните кредити поради влошувањето на квалитетот на портфолиото што беше очекувано.
Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето е за 2,5% повисока во однос на минатата година што во најголем дел се должи на зголемувањето на останатите приходи, во чии рамки значителен пораст бележат наплатените претходно отпишани побарувања и капиталните добивки од продажба на преземен имот.
Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.313,5 милиони денари и бележат пораст од 2% во однос на истиот период минатата година.
Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.06.2017 година истите бележат намалување од 6,4% во однос на истиот период од минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 91%.
Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.06.2017 година изнесуваат 419,9 милиони денари и се на приближно исто ниво како и во истиот период минатата година. Планот за анализираниот период е исполнет со 101,1%.
Нето приходите од курсни разлики на 30.06.2017 година изнесуваат 60,3 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат намалување од 10,9%. Планот за анализираниот период е исполнет со 92,8%.
Останатите приходи од работењето на Банката на 30.06.2017 година изнесуваат 354,3 милиони денари и во однос на состојбата од минатата година бележат зголемување од 71% како резултат на зголемениот износ на реализирани капитални добивки од продажба на преземен имот и наплатени претходно отпишани побарувања од кредити. Планот за анализираниот период е исполнет со 143,9%.
Оперативните расходи за периодот 01.01-30.06.2017 година изнесуваат 854,4 милиони денари и се зголемени за 1,1% главно како резултат на зголемени трошоци за вработени. Планот за анализираниот период е исполнет со 98,6%.
Загубите поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со месец јуни изнесуваат 18,3 милиони денари и се намалени за 86,9% во однос на истиот период од минатата година. Истите претставуваат дополнително оштетување на новопреземен имот по основ на ненаплатени побарувања.
Исправката на вредност на финансиските средства на нето основа на 30.06.2017 година достигна износ од 1.401,5 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележи зголемување од 29,5%.
Целокупниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.