17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата ера на Panamerа – пристигнува караванот (фото+видео)

Новата ера на Panamerа – пристигнува караванот (фото+видео)

Практичната, „Sport Turismo“ верзија на моделот „Porsche Panamera“ започна да се произведува во погонот во Лајпциг, неколку месеци по светската премиера на саемот во Женева.

Моделот кој на патниците на задните седишта им нуди поголема удобност и простор за главата, а на сопственикот поголем багажник (520 литри), наскоро ќе пристигне до првите купувачи.

За да ја подготви фабриката во Лајпциг за производство на оваа верзија на „Panamerа“, „Porsche“ инвестираше дури 500 милиони евра. Дел од овие пари замина на изгрдаба на целосно новиот центар за контрола на квалитетот.

Покрај „Panamerа Sport Turismo“, „Porsche“ во фабрика која се простира на 400 хектари се составуваат и SUV моделите „Macan“ и „Cayenne“.

Во 2016-та во погонот во Лајпциг, кој вработува 4.055 работници, се произведени 158.432 aвтомобили. Оваа фабрика започна со работа во 2002-ра година, а досега во неа се вложени 1,3 милијарди евра.

„Porsche“ пресмета дека секој ден во погонот се произведуваат 1,7 милиони автомобилски делови, а покрај човечката работна сила, на лентите се ангажирани дури 948 роботи.

Фабриката опфаќа и тркачка тест патека во должина од 3,7 км, како и 6 км полигон за теренско возење.

„Porsche“ големо внимание посветува на екологијата и одржливиот развој, па така 80% од енергијата потребна за работа на одделот за фарбање се одбива од извори кои не ослободуваат „CO2“.

Покрај тоа, во кругот на фабриката засолниште пронашле 75 бикови, 27 диви коњи, а тука се и кошниците за 1,5 милиони пчели.

„Porsche Panamera Sport Turismo“ е со иста должина како регуларната „Panamera“ (5.049 mm), a не е променета ниту ширината на возилото (1.937 mm), додека новиот модел е повисок за 5 mm.

На почетокот, купувачите ќе можат да изберат меѓу пет верзии на овој модел. Станува збор за верзиите „Panamera 4“, „Panamera 4S“, „Panamera 4S Diesel“, „Panamera 4 E-Hybrid“ и „Panamera Turbo“.

Во врвот на понудата е „Panamera Turbo Sport Turismo“ со 542 ks кои ги произведува твин-турбо 4.0-литарски V8 мотор. Oстанатите верзии испорачуваат помеѓу 325 ks и 456 ks.

Oсновниот модел на „Panamera 4 Sport Turismo“ во Германија чини 97.557 eвра. Цената на најслабата „Panamerа Turbo Sport Turismo“ е 158.604 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП