27 февруари, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип продолжува да ги наградува корисниците на услугата електронска сметка

Вип продолжува да ги наградува корисниците на услугата електронска сметка

Вип ја продолжува наградната игра „Еко активација” со која ја поттикнува еколошката свест во јавноста и го најавува второто извлекување на 15 август 2017г., со кое сите корисници кои се откажуваат од хартиените сметки и ја активираат услугата електронска сметка ја добиваат можноста да станат добитници на вредни награди.

Останува можноста за учество на сите постојни и нови корисници кои имаат активна електронска сметка или извршиле online уплата на било која фактура преку веб страницата на Вип или мобилната апликација “Плати сметка” на www.vip.mk и преку мобилната апликација “Мојот Vip” до 10 август односно 5 дена пред наградното извлекување.

Во првото извлекување што се одржа на 15 мај оваа година 7 среќни корисници се здобија со вредни награди и тоа: iPhone SE 64GB, Sony Experia Z5, Samsung Galaxy S6 edge plus, Samsung Galaxy Alpha, лаптоп, таблет и велосипед.

Добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно се објавуваат на официјалната фејсбук страница на Вип и на www.vip.mk.

По августовското извлекување, следуваат уште две, закажани за 15 ноември 2017г. и 15 февруари следната година.

Со овој проект Вип уште еднаш ја докажува својата посветеност кон заштитата на животната средина и насоченост за зголемување на свесноста на заедницата поврзани со оваа област истовремено работејќи на постојано зголемување на корисничкото задоволство.

На сите корисници кои покажуваат висока свест за животната средина и кои ќе земат учество во оваа наградна игра Вип им посакува многу среќа!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП