14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА54 години од катастрофалниот земјотресот во Скопје

54 години од катастрофалниот земјотресот во Скопје

Пред точно 54 години, на 26 јули 1963 година, Скопје беше разорено од силниот земјотрес со јачина од 6,1 степени.

Како резултат на земјотресот, од 1000 до 1100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени. Бројот на лицата без дом бил 200.000.

По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски.

Старата железничка станица денес е Музеј на Град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.

Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започнала да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации од светот испратиле некаква помош во Скопје кои помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП