17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВардар го совлада Копенхаген со 1:0

Вардар го совлада Копенхаген со 1:0

Фудбалерите на Вардар со минимален резултат 1:0 (0:0) го совладаа Копенхаген, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели во 65.минута.

Вардар со тактички зрела и пожртвувана игра успеа да ја остари целта, со победа без примен гол да патува на реваншот во Копенхаген.

„Црвено-црните“, според најавите на тренерот Седлоски, започнаа агресивно, веднаш притиснаа кон голот на Олсен, иако гостите преку Грегуж го имаа првиот удар, но Гачевски успеа да одбрани.

Во првите 15 минути за Вардар два пати се обиде Блажевски од далечина, но неговите удари беа непрецизни.

Копенхаген потоа успеа да го забави темпото на играта и со долги топки неговите играчи се обидуваа да освојат простор.

Вардар во првиот дел се обидуваше со удари од далечина преку Николов, Спировски, Блажевски и Балотели.

На истекот на последната минута од првиот дел Вардар ја имаше првата вистинска шанса, кога по акцијата на Блажевски и Балотели, Фелипе упати удар од врвот на шеснаесетникот но Олсен успеа да одбрани.

Во вториот дел првиот обид го имаа гостите, Бенгстон упати удар од 15 метри, но Гачевски ја одби топката во корнер.

Балотели потоа во 55.минута тргна само кон голот на Копенхаген, но на грбот го имаше Јохансон, кој во последен момент го изблокира неговиот удар. Напаѓачот на Вардар беше непрецизен и две минути подоцна, но не промаши во 65.минута.

Бразилецот беше најснаодлив по една карамбол ситуација на 16 метри од голот на Олсен. Јохансон се обиде да избие една топка, го погоди соиграчот Вербич топката се врати кај Балотели кој од 14 метри на прва упати вистинска бомба која заврши во голот.

По примениот гол Копенхаген се обиде да притисне, нешто што Вардар со својата дисциплина во играта не му дозволи. „Црвено-црните“ во 84.минута може да постигнат уште еден гол, кога Балотели нафрли од десната страна, а Којашевиќ немаше добар прием и поради тоа неговиот удар беше лош.

Во финишот на мечот Копенхаген можеше до израмнување, но Гачевски два пати брилијантно интервенираше.

Првиот пат во 84.минута кога Сантандер биеше со глава, а потоа го спречи и обидот на Томсен во 92.минута.

Реванш натпревар ќе се одигра во Копенхаген наредната среда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП