17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајдобрите студенти ќе заминат во Кина како дел од програмата на „Хуавеи“

Најдобрите студенти ќе заминат во Кина како дел од програмата на „Хуавеи“

Компанијата „Хуавеи“, во рамки на програмата „Семиња за иднината“, на петте најдобри студенти во областа на информатичките технологии и телекомуникации им овозможува студиска посета во Кина.

На доделувањето на ваучерите ќе присуствуваат министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, менаџерот на „Хуавеи“ во Македонија, Зхоу Јиадон, и амбасадорката на Кина во Македонија, Јин Лисијен. Со цел намалување на јазот на знаењето и промовирање на индустрискиот развој, македонската Влада изрази подготвеност да ја поддржи програмата за 2017 година.

Петте најдобри студенти ќе имаат можност да присуствуваат на демонстрацијата на најновата ICT технологија, да учествуваат во работилници каде што се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи.Исто така, ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија.

Изборот на студентите беше јавно објавен со допис до универзитетите и објавен на страната на Министерството. Програмата во Македонија се реализира по вторпат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП