18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Губитниците од „бумот“ на смартфоните

График на денот: Губитниците од „бумот“ на смартфоните

Кога првиот „iPhone“ влезе во продавниците во САД пред 10 години, никој не го очекуваше влијанието што ќе има во наредните години, коментира „Statista“. Уникатниот (тогаш) екран осетлив на допир наскоро стана стандард за мобилните телефони и во текот на годините додека смартфоните стануваа сè подобри и подобри, „iPhone“ и сличните уреди го зазедоа централно место во дигиталниот дел на нашите животи.

Многу компании освоија многу од „бумот“ на смартфоните, кој следеше по претставувањето на „iPhone“ во 2007-ма година, но има и некои губитници. Колку паметни и помоќни стануваа смартфоните, толку повеќе луѓето почнуваат да ги искористуваат за повеќе цели, па други популарни уреди стануваа излишни.

Графиконот е базирана на податоци на „Consumer Technology Association“, кој покажува како продажбата на дигитални фотоапарати, „МР3“ плеери, преносни навигациски системи и камери се „распадна“ во текот на последната деценија.

Најсериозен во процентуален израз е падот кај видео камерите – 93%, а вредноста на пазарот падна доста под 500 милиони долари од малку повеќе од 2 милијарди долари. Кога зборуваме за дигиталните фотоапарати, падот таму е најмал во процентуален израз – 66%, но од пазар од 6,5 милијарди долари, неговата вредност е веќе едвај нешто повеќе од 2 милијарди долари.

Имајќи предвид дека денешните паметни телефони можат сè што овие уреди правеа порано, не е изненадувачки дека корисничкиот интерес кон нив слабее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП