28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен земјотрес од 6,7 степени ги погоди Грција и Турција

Силен земјотрес од 6,7 степени ги погоди Грција и Турција

Рано утрово во Егејското море, во близина на популарните грчки и турски туристички дестинации, бил почувствуван силен земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.

На грчкиот остров Кос според наводите на локалните власти најмалку две лица загинале, а околу 100 биле повредени, пренесе агенцијата Ројтерс.

Од спротивната страна во турскиот туристички центар Бодрум околу 70 повредени лица биле хоспитализирани.

Земјотресот се случил околу 1:30 часот и бил на длабочина од 10 километри соопшти Американскиот геолошки институт.

Грчките власти на островот Кос испратиле хеликоптери за да можат повредените да бидат пренесени на поголемиот остров Родос.

Во Турција локалните власти го предупредија населението дека е можно да следуваат помали потреси со информација дека земјотресот не предизвикал поголема материјална штета.

На овој земјотрес му претходеше силниот земјотрес во турското летувалиште Марамарис со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот се случил синоќа во 22:21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП