28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија економски ќе ја казнува Турција

Германија економски ќе ја казнува Турција

Германија гo крена тонот кон Анкара и најави промена на правецот на својата политика, особено економската, во однос на овој свој историски партнер, поради апсењето на активистите за човекови права, вклучително и еден Германец во Истанбул.

Како што беше најавено од страна на германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, идната влада веќе нема да обезбедува гаранции за заеми за инвестиции во Турција и заедно со своите европски партнери ќе ја разгледа претпристапната помош на ЕУ за Турција.

Третата и најважна мерка, која најмногу ќе влијае на Турција како туристичка земја, е безбедносното предупредување на Министерството за надворешни работи за германските државјани кои имаат намера да патуваат во Турција.

„Со оглед на многуте случаи на произволни апсења на германски државјани во Турција не можеме да правиме поинаку, отколку да издадеме предупредување за безбедноста на германски државјани кои имаат намера да патуваат во Турција“, рече Габриел.

На турската реакција не се чекаше долго. „Праќањето порака на Германците да не патуваат во Турција бидејќи не се безбедни е голема политичка неодговорност и нема да јаприфатиме“, изјави на прес-конференција, Ибрахим Калин, портпарол на претседателот Реџеп Таип Ердоган. „Со ситна предизборна калкулација сакаат да им наштетат на економските врски и да ги поттикнат сомневањата на германските инвеститори,а тоа е неприфатливо“, рече тој.

Калин ги критикуваше изјавите на германскиот министер, германскиот лидер и портпарол. „Сметаме дека овие неумесни изјави се наменети за домашната политичка употреба поради изборите во Германија“, рече тој.Најостро ја осуди изјавата тврдејќи дека германските граѓани кои патуваат во Турција се сигурни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП