22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИLaser Tag отсега и во Skopje City Mall!

Laser Tag отсега и во Skopje City Mall!

Светскиот хит Laser Tag од неодамна може да се искуси во игротеката Имагинариум во Skopje City Mall. Се работи за интерактивна игра која нуди интересно и адреналинско искуство, игра која е сосем безбедна за децата над 6 годишна возраст, а подеднакво е возбудлива и за тинејџерите.  

Laser tag е рекреативна активност, во која целта на играчот е да освои што е можно повеќе поени, стрелајќи ја метата (противникот) со инфрацрвени зраци. Играта може да се игра како индивидуална спортска активност или како тимска игра во која може да се натпреваруваат максимум 5 наспроти 5 учесници во термин од минимум 60 минути.

На простор од 800 м2, детската атракција Laser Tag ќе може да се искуси во нашиот најголем трговски центар во специјално подготвен амбиент, каде низ лавиринти, препреки, платформи и декоративни елементи учесниците ќе симулираат вистинска акциона војна, користејќи најсофистицирана опрема. Опремата е изработена од реномирана компанија која поседува европски сертификати. Оваа опрема не само што е едноставна, комфорна и безбедна за користење, туку има и одлична прецизност што преставува дополнителен стимул и чувство на сигурност.

Laser Tag ќе може да се игра секој ден во термините од 10:00 до 12:00 часот и од 22:00 до 00:00 часот. За повеќе информации и резервации јавете се на 070/399-930, 071/339-088 или на [email protected].

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП