5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија има заработено повеќе од 1 милијарда евра од грчката криза

Германија има заработено повеќе од 1 милијарда евра од грчката криза

Од 2009-та година каматите од кредитите кои германските финансиски институции и ги дадоа на Грција, надминуваат 1,34 милијарди евра, покажуваат податоците на Министерството за финансии на Германија, цитирани од „Suddeutsche Zeitung“.

На пример германската инвестициска банка „KfW“ додели заем од 15,2 милијарди евра во 2010-та година. Досега од камати банката има заработено 393 милиони евра, покажува статистиката. Помеѓу 2010-та година и 2012-та година од шемата за откуп на државен долг на Европската централна банка (ЕЦБ), Бундесбанк има заработено 952 милиони евра.

Другите земји од еврозоната, кои учествуваа во шемата, се согласија да го вратат профитот од таа шема на Грчката централна банка, пишува „EurActiv“, повикувајќи се на истрагата на францускиот „Les Echos“. Операцијата за обновување на овие износи сепак застана во 2015-та година поради политичките превирања со новиот премиер на Грција, Алексис Ципрас.

Сега Атина повторно работи за спроведување на реформите и ги воведува бараните штедења од кредиторите со надеж дека ќе ги добие средствата од шемата на ЕЦБ.

Податоците беа критикувани од претставниците на „Зелените“ во германскиот Бундестаг. „Може и да е легално Германија да профитира од кризата во Грција, но не е морално од гледна точка на солидарноста“, коментира Свен Кристијан Киндлер пред „Suddeutsche Zeitung“. За него каматата на крајот треба да биде вратена на Грција.

„Не можеме да го полниме германскиот буџет со средства од грчките камати“, смета и Мануел Сарацин.

„EurActiv“ истакнува дека грчката влада работи напорно за да ги задоволи институциите кои им даваат заеми, но така и не може да постигне договор за олеснување на долгот. Главниот противник на идејата е Берлин.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се заложи за ревизија на долговите на Грција и нивно олеснување, за да бидат направени повеќе еластични. Институцијата дури се заканува дека нема да учествува повеќе во спасувачката програма на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП