18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзбришани 10 милијарди долари за 24 часа, кој е виновен?

Избришани 10 милијарди долари за 24 часа, кој е виновен?

Инвеститорите кои тргуваат со криптовалути претрпеа големи загуби по драматичиот пад на цената на „биткоинот“ и „етерумот“ во последните неколку дена.

„Биткоинот“ падна на 1.863 долари, а „етерумот“ на 133 долари за време на викендот – 38 oтсто и 67 отсто во однос на досегашниот рекорд.

Особено се намали „биткоинот“ затоа што на 12-ти јуни вредеше дури 3.018 долари.

Консултантските и берзанските куќи известуваат дека вредноста на криптовалутата забележала пад од вкупно 10 милијарди долари за 24 часа.

Аналитичарот Анупам Вашеј вели дека секогаш проблеми прави тоа што пазарот не е регулиран.

„Тогаш не е изненадување што големите играчи манипулираат со пазарот во своја корист“, вели тој и додава дека од друга страна, аматерските инвеститори сакаат брза заработка, а тоа доведува до паника на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП