Шпанската компанија „DSD Design & Motorsport“ претстави прототип на хиперавтомобилот наречен „Boreas“. Техничките детали за возилото не беа обелоденети, но се тврди дека тој располага со хибриден агрегат кој развива над 1.000 КС.

Моделот е именуван по ликот од грчката митологија Бореј – бог на северниот ветер. Целта на проектот, кој почна пред 10 години, била создавање на автомобил со „величествена сила, метеорска брзина и разрушен карактер“.

Во моментов „Boreas“ е во финален стадиум на развој и се очекува сериската верзија исто така да биде хибридна. Според првичните податоци хиперавтомобилот ќе забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од 3 секунди и ќе развива максимална брзина од 380 км/ч. Само на електрична енергија, што ќе ја управува предната оска, машината ќе поминува до 100 км.
Производството на серискиот „Boreas“ ќе стартува во декември оваа година, а се предвидува да бидат направени само 12 примероци – толку биле ќерките и синовите на бог Бореј. Секој еден од автомобилите ќе има свои уникатни подесувања и карактеристики.