5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветозар Јаневски и М6 ја "издигнаа од мртвите" белградска пивара БИП

Светозар Јаневски и М6 ја “издигнаа од мртвите” белградска пивара БИП

Производството на пиво во српската пивара БИП е обновено откако македонската комапнија М6-Еден ја презема компанијата.

Се очекува до крајот на јули сите производи на БИП да бидат достапни на потрошувачите во Србија.

БИП пивото, некогаш најпродавано во Србија и регионот  се произведува во пиварата во Белград кај Мостарска клучка.

“Пивото ја задржа препознатливата етикета и карактер, а својот прекрасен изглед, добар вкус и мирис на слад и хмељ, запазувајки ја вредната традиција се произведува по најсовремена технологија”, изјави директорот на компанијата М6-Еден Србија, Александар Поповски.

Тој наведе, дека во соработка со партнерите БИП, пивото повторно ќе биде достапно во поголемиот дел на пазарот на Србија, а до крајот на оваа година и на пазарите во регионот каде се продавало повеќе од 25 години.

“Ние сме свесни дека БИП пивото не е обичен бренд, тука и дека претставува симбол на едно општество и време на кое многу луѓе се сеќаваат и нашата желба е таа емоција повторно да ја оживееме и да го вратиме БИП пивото на позиција и значење на кое тоа заслужува”, истакна Поповски.

Како што е наведено во соопштението, македонската инвестициска групација М6 досега реализирала неколку успешни ревитализации на големи компании во регионот  во секторот за производство на пијалоци и од нив направи пазарни лидери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП