19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJPMorgan забележа над 13% раст на нето добивката во вториот квартал

JPMorgan забележа над 13% раст на нето добивката во вториот квартал

JPMorgan Chase & Co, најголемата по средства американска банка, забележа 13,4% раст на кварталната добивка, откако објави дека приходите од повисоките каматни стапки во голема мера го компензираат падот кај обврзниците, соопшти „Ројтерс“.

Нето добивката на банката порасна до 7,03 милијарди долари во вториот квартал, завршена на 30-ти јуни во однос на 6,2 милијарди долари, една година порано. Добивката по акција се зголемува до 1,82 долари во однос на 1,55 долари.

Тоа е над очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа добивка по акција од 1,58 долари по акција.

Извршните директори на најголемите банки во последните недели предупредија дека приходите за трговија во вториот квартал ќе бидат помалку во споредба со пред една година, кога трговијата забележа раст околу гласањето за „Brexit“ во Велика Британија.

Во последниот квартал сепак имаат корист од зголемувањето на каматните стапки од страна на ФЕД во опсег на 1 – 1,25% во споредба со 0,25 – 0,5%, една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП