16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтравувате дека роботите ќе ви ја земат работата? Подгответе се за нова!

Стравувате дека роботите ќе ви ја земат работата? Подгответе се за нова!

Трката за создавање на технологија за роботи и вештачка интелигенција, која ќе го промени начинот на кој работиме и живееме, доминира во безброј индустрии, пишува „CNBC“.

Но хаосот и напредокот кој овие револуционерни технологии го носат, ќе влијаат на големи делови од економијата: работните места, банкарскиот систем, транспортната индустрија. Сето ова ги предизвикува познатите стравови.

Пред извесно време претседателот на „Alibaba“, Џек Ма ја предупреди јавноста дека можат да очекуваат децении исполнети со проблеми, благодарение на новите технологии.

Главниот извршен директор на „Tesla“ и „SpaceX“, Илон Муск тврди дека луѓето треба да се „спојат“ со машините, за да се добие нешто како киборг. Само така човекот ќе може да биде адекватен на сè што претстои.

Но свртувајќи го грбот на лудите предвидувања за иднината, еден извршен директор смета дека има одговор на едно од најголемите прашања денес: дали роботите ќе ни ги земат работните места.

Извршниот директор на „VaynerMedia“, Гери Вајнерчук коментира дека оние кои работат на места на кои можат да бидат заменети од роботи, треба да почнат да учат на нешто ново во дигиталниот свет.

„Роботите, кои земаат работни места, се проблем за луѓето кои работат работи кои роботите можат да ги превземат. Луѓето секогаш ќе губат работа“, вели тој.

Според него, тој „не се чувствува лошо“ за луѓе како камионџиите, кои не прават сериозни чекори за да се прилагодат.

„Возачите знаат повеќе од 20 години дека има голема шанса камионите да почнат да возат сами. Овие луѓе можат по четири часа на ден да се обучуваат во други работи“, коментира експертот.

Според него, ако одлучат да ја „закопаат главата во песок“, ќе се во губитничка позиција.

Извршниот директор зборува не само за менување на пазар од гледна точка на вработеноста, но за она што ќе донесат роботите како целина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП