26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar E-Pace дебитираше со рекорд за Гинис (фото+видео)

Jaguar E-Pace дебитираше со рекорд за Гинис (фото+видео)

„E-Pace“, новиот компактен кросовер на „Jaguar“, беше презентиран во Лондон со спектакуларна каскада во стилот на Џејмс Бонд. Автомобилот скокна од посебна рамка и направи 270-степен околу својата оска. Вкупно автомобилот прелета 15.3 метри, што е нов рекорд на Гинис.

Каскадерот Тери Грант, кој го направи овој потег, во еден момент почувствувал оптоварување од 5.5g за време на скокот. Ова е и прв случај во историјата, во кој познатиот скок од филмовите за Бонд се извршува од сериски произведен автомобил.

„Е-Pace“ е помалиот роднина на многу успешниот „F-Pace“. Со должина од 4.4 метри, тој се натпреварува со модели како „Audi Q3“, и според шефот на „Jaguar Land Rover“ за продажба Енди Гос ќе стане најпродаван автомобил на компанијата. „Е-Pace“ е и доста подостапен од „F-Pace“, со почетна цена на британскиот пазар од околу 28.000 фунти (31.000 евра).

„Е-Pace“ е првиот „Jaguar“ произведени надвор од Велика Британија – во фабриката на „Magna Steyr“ во Грац, Австрија. Тој е и првиот модел на компанијата, понуден и само со преден погон, од „X-Type“ наваму.

И покрај релативно компактните димензии новиот кросовер нуди сосема доволен внатрешен простор и 577-литарски багажник.

Внатрешноста вклучува 12,3-инчен екран на допир за управување со мултимедијалните системи, вграден „4G“ хотспот за интерент, како и до пет „USB“ влезови.

Платформата на „E-Pace“ е иста како на „Range Rover Evoque“ и „Land Rover Discovery Sport“, но меѓуоскиното растојание е зголемено со неколку сантиметри.

Под капакот „Jaguar“ ја нуди целата серија на агрегати со 4 цилиндри „Ingenium“ – бензински со моќност од 240 и 300 коњски сили, и дизел со 150, 180 и 240 коња. Алтернатива за рачните брзини е 9-степениот автоматски менувач од „ZF“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП