5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШвајцарска банка нуди управување со биткоин средства

Швајцарска банка нуди управување со биткоин средства

Биткоинот освои свое место во швајцарскиот банкарски сектор или традиционалните банки веќе стануваат конкуренција на операторите на виртуелни валути? Една од приватните банки во земјата сега им нуди на своите клиенти услуги за управување и складирање на биткоин средства.

„Falcon Group“ објави вчера дека нејзиниот нов производ ќе им овозможи на клиентите да купуваат и чуваат биткоини преку нивните класични банкарски сметки. Услугата станува достапна преку партнерство со „Bitcoin Suisse AD“ – биткоин брокер основан во 2013-та година.

„Горди сме да бидеме првата во швајцарската приватна банкарска сфера која нуди управување „блокчејн“ средства на своите клиенти. Во „Falcon“ се убедени дека времето е добро да влеземе на овој пазар и нашата компанија верува дека нашиот нов производ ќе одговори на идните потреби на нашите клиенти“, вели Артур Ваилојан, шеф на производи и услуги во „Falcon“, во соопштението, цитирано од „CoinDesk“.

„Falcon“ веќе инсталирале и биткоин банкомат во лобито на својата централа во Цирих, а „ATM“ апаратот ќе биде достапен за користење од страна на сите граѓани.

Одот на „Falcon“ ги издава изгледите дека воопшто не е исклучено наскоро банките да се претворат во вистински конкурент на биткоин брокерите и на компаниите кои работат онлајн паричници за складирање на криптовалута. Од друга перспектива, двете индустрии наскоро би постоеле во симбиоза, но на крајот речиси секогаш „големите“ ги голтаат „малите“.

Интеграцијата на новиот производ на банката доаѓа во позадина на дискусиите со локалниот финансиски регулатор. Иако банките често ја одбегнуваат темата за виртуелните валути, ситуацијата во Швајцарија е доста различна. Земјата ја поддржува „блокчејн“ технологијата и нејзино имплементирање како во јавниот, така и во приватниот сектор.

Така на пример, Швајцарскиот федерален совет откри дека локалниот финансиски регулатор се движи брзо кон создавање на легална дефиниција на виртуелните валути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП