23 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИCredit Suissе: Акциите на Facebook со 45% скок до крајот на 2018-та

Credit Suissе: Акциите на Facebook со 45% скок до крајот на 2018-та

Според „Credit Suisse“ цената на акциите на „Facebook“ ќе забележат скок од 45% до крајот на следната година, благодарение на успешните напори на социјалната мрежа за таргетирање подобри клиенти за своите огласувачи.

Од „Credit Suisse“ најавија таргет за цената на акциите на „Facebook“ од 220 долари за 2018-та година кој беше променет од 175 на 180 долари, што претставува 19% над цената на затворање на акциите од 151.44 долари.

„Одложувањето кај огласувачите и растот на цените на рекламите, објавени во извештајот за првиот квартал на 2017-та година, се доволно силни сигнали за нас за потенцијален раст на рекламните приходи во второто полугодие на 2017-та година“, пишува аналитичарот на „Credit Suisse“, Стивен Жу.

Акциите на „Facebook“ поскапеле со над 30% од почетокот на годината, а компанијата ќе ги објави резултатите за вториот квартал на 26-ти јули, по затворањето на пазарот.

Од „Credit Suisse“ доделија и можна оптимистичка прогноза, која е за поскапување на акциите до 280 долари за готово.

Од банката исто така ја зголемија прогнозата за добивка по акција за оваа година до 5.08 долари од 4.98 долари пред тоа.

Жу забележува дека огласувачите очекуваат забрзување на растот кај цените на рекламите во вториот квартал. Растот на цените и ефикасноста на рекламите може да значи сериозно зголемување на профитот на „Facebook“.

Корисниците на социјалната мрежа неодамна ја преминаа границата од 2 милијарди луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП