3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПостигнат договор во Трст: Инвестиции од над 500 милиони евра во Западен...

Постигнат договор во Трст: Инвестиции од над 500 милиони евра во Западен Балкан

Европската Унија и шесте лидери на балканските држави се договорија вчера на средбата во Трст за седум нови проекти за поврзување со инвестиции од над 500 милиони евра.

Во таа сума се 194 милиони евра грантови од ЕУ и кредити на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

Според завршниот документ е ветен и грант од 11,4 милиони евра за енергетски и транспортни проекти.

Балканските држави се повикани да ги забрзаат напорите за формирање заедничка економска и трговска зона.

Средбата на високо ниво за Западен Балкан во Трст беше со учество на претставници од шест балкански држави – БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Македонија и од Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП