Многу различни гласини во врска со новиот паметен телефон на „Apple“, кој би требало да се појави на пазарот во текот на есента. Доколку барем нешто од тоа е точно, тие кои ќе сакаат да го имаат би требало веќе (ако не и досега) да започнат да штедат…
Почетната цена на основниот модел на „iPhone 7“ e 649 долари. Корисниците и познавачите на можностите во „Apple“ на стручни форуми веќе некое време шпекулираат дека цената на најскапата верзија на овој модел би можела да достигне и до 1.500 долари.
Познавачот на можностите во светот на новите технологии, Џон Грубер, кој претходно предвидуваше и погоди дека златната верзија на часовникот „Apple Watch“ ќе чини 9.999 долари, вели:
„Почетна цена од 1.500 долари би била превисока. Мислам дека се веројатни 1.200 долари за основниот модел, додека цената на најмоќната верзија би можела да биде 1.300 или 1.400 долари“.
Тој смета дека, кога „Apple“ ќе го лансира својот нов модел, ќе биде потребно да се направат десетици милиони нови „iPhone“ уреди, што значи дека нема сите да имаат многу компоненти од најновите генерации, како што е случајот кај некои конкуренти.
Доколку „Apple“ претстави скап „iPhone“, повисоката цена би ја намалила побарувачката. Наместо да се одложи пуштањето во продажба, поради недостаток на „OLED“ екран од нова генерација, „Apple“ би можело и да задржи околу 30 дo 40 oтсто пониска цена, така што ќе претстави нов модел за околу 1.000 долари, со додатокот „Pro“ или „Edition“ во името.
„Изгледа дека „OLED iPhone“, во овој момент, не може да биде призведен во количини од 40 милиони примероци за еден квартал. Барем не засега. Ако тоа е точно, значи дека моделот ќе биде поскап“, пишува Грубер.
„Apple“ не сака да си „пука себеси во нога“ со лансирањето на еден нов скап модел „iPhone“ оваа есен. Гласините кружат дека „Apple“ ќе претстави најмалку два модели, еден со прифатлива цена и главниот „iPhone“ модел, пишува „Independent“.