17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook пушта реклами во Messenger

Facebook пушта реклами во Messenger

„Facebook“ планира да започне да профитира од „Messenger“ на глобален план, пишува „CNBC“.

Компанијата објави дека ќе пушти реклами во апликацијата за разговор во целиот свет преку експанзија на сегашните тестови кои врши. Новите визуелни реклами ќе се појавуваат во главниот дел на апликацијата.

Ако корисникот кликне на рекламата, таа ќе го пренасочува кон место на рекламата која ја избрал. Селектирана група на огласувачи ќе добие шанса да купи место за реклами денес, а во следните недели кон нив ќе можат да се приклучат уште фирми.

„Facebook“ го започна тестирањето на реклами во „Messenger“ во јануари, а тие се одржуваа само во Австралија и Тајланд. Повеќе од 1,2 милијарди лица ја користат апликацијата секој месец според „Facebook“.

Минатиот септември компанијата најави дека сака да заработи од двете апликации за разговор – „Messenger“ и „What’s App“, бидејќи во нив бизнисите може поприродно да комуницираат со своите клиенти.

Покрај тоа, компаниите можат да си плаќаат за спонзорирана порака во „Messenger“ кои претставуваат платени пораки до корисници кои претходно воделе разговори со предметната фирма.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП