3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVincinni на полиците на „Волмарт“

Vincinni на полиците на „Волмарт“

Од неодамна, производите на Vincinni на Макпрогрес од Виница може да се најдат во дел од маркетите на светскиот трговски синџир „Волмарт”

Благодарение на нашите партнери во Америка, засега во некои од маркетите може да се најдат наполитан-коцки Vincinni, а наскоро, предвидено е проширување на асортиманот, велат од виничката компанија.

Американскиот трговски гигант, основан во 1962 година, работи со повеќе од 11.720 продавници во 28 земји во светот. Во „Волмарт” работат околу 2,3 милиони луѓе во светот, од кои, 1,5 милиони во САД.

Виничката компанија „Макпрогрес” во првите пет месеци годинава оствари пораст на извозот од 5% во споредба со истиот период минатата година,

Најголем дел од извозот на компанијата се пласира на пазарите во Централна и во Југоисточна Европа, Западен Балкан, како и во Романија, Грција, Чешка и Словачка, а се зголемува и извозот на германскиот и на италијанскиот пазар. „Макпрогрес” извезува и во Северна Африка и на Малдивите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП