19 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin го покажа „најлудиот“ модел (фото)

Aston Martin го покажа „најлудиот“ модел (фото)

„Aston Martin“ објави повеќе фотографии и детали за претстојниот модел „Valkyrie“, развиен во соработка со „Red Bull Racing“. Хиперавтомобилот што треба да се појави на пазарот во 2019-та, ќе се движи од 6.5-литарски V12 од „Cosworth“ и хибриден систем од „Formula 1“.

Од новите кадри појасно се забележуваат драматичните црти на автомобилот, замислен да е максимално блиску во аеродинамика до тркачките болиди. Повеќето аеродинамични детали беа додадени по претставувањето на прототипот во Женева оваа пролет. Новина се пример големите отвори меѓу кокпитот и предните браници кои според инженерите значајно ја зголемуваат моќта на притискање.

Според шефот на надворешниот дизајн Мајлс Нјурнбергер ова на сликите е „околу 95%“ од конечниот изглед на возилото. Нјурнбергер прецизира дека главниот конструктор на „Red Bull“ Адријан Нуи постојано бара нови начини да се подобри уште повеќе аеродинамиката и силата на притискање.

За прв пат публиката може да ѕирне и во внатрешноста на „Valkyrie“. Седиштата се монтирани директно на шасијата од јаглероден композит, што значи дека патниците ќе седат многу ниско и со испружени нозе напред, токму како во болид.

Стандардните ремени се слични на тркачките. Табла е крајно минималистичка, само со две-три копчиња на централната конзола и централен екран на допир. Повеќето функции се управувани од копчињата поставени на воланот, кој може да се вади и е видливо инспириран од тркачките машини од Ле Ман. Врз него е и километража со брзинометарот. Двата екрани лево и десно се поврзани со надворешни камери и практично ги заменуваат страничните ретровизори. Задното стакло го нема.

„Aston Martin“ ќе произведе само 150 примероци од суперавтомобилот, по цена од 2 милиони фунти секој (2.24 милиони евра). Сите тие веќе се распродадени.

Уште не се јасни техничките податоци на автомобилот, но судејќи по ветувањата на „Aston Martin“ за 1: 1 сооднос тежина-енергија, тој најверојатно ќе има околу 900 коњски сили при тежина од 900 кг. Тоа ќе му овозможи да забрзува од 0 до 100 км/ч за само малку повеќе од 2 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП