6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРасте бројот на компаниите „милионери“ на eBay од Германија и Велика Британија

Расте бројот на компаниите „милионери“ на eBay од Германија и Велика Британија

Бројот на интернет компаниите „милионери“, кои продаваат во веб-трговијата „eBay“, скокна за 50% во клучните меѓународни пазари Велика Британија и Германија во последните четири години, и покрај монетарни флуктуации кои го забавија растот надвор од САД, пренесува „Ројтерс“.

Нови податоци објавени од „eBay“, покажуваат дека бројот на засегнатите фирми е зголемен до 1095 од 731 во Германија од 2013-та година, додека оние со над 1 милион фунти се зголемија до 663 од 443 во Велика Британија во текот на истиот период.

Двата големи европски пазари на „eBay“ донесоа околу 30% од вкупните нето приходи (9 милијарди долари) на компанијата за минатата година. И сепак и на двата пазари се пријавени намалени приходи, во позадина на падот на вредноста на валутите во однос на американскиот долар.

Меѓу примерите од Северна Англија се „MusicMagpie.co.uk“ која купува користени компактдискови, „DVD“ и електроника од различни корисници, а потоа ги препродава на „eBay“ во над 140 земји. Друг пример е компанијата „MaxGear“ која генерира 3,5 милиони фунти (4,51 милиони долари) приходи за годинава.

Иако „eBay“, основана пред 22 години, започна како онлајн сајт за аукција, каде што корисниците можеа да продаваат половни стоки, во моментов 80% од стоките на „eBay“ се нови, претежно со фиксна цена, објави компанијата во првиот квартал од 2017-та година.

Третата земја за компании „милионери“ од Европа е Италија, каде што бројот на засегнатите фирми скокна за 55% до 93 од 60.

Бизнисот на „eBay“ во САД забележа раст од 6,7% до 3,87 милијарди долари за 2016-та година, што значи дека земјата донела 43% од приходите на „eBay“ за годината.

Меѓу другите големи меѓународни пазари за компанијата се Австралија и Јужна Кореја, како и некои земји во Азија.

„Ebay“ треба да ги објави финансиските резултати за второто фискално тримесечје на 20-ти јули. Очекувањата се за 3,6% раст на нето приходот до 2,31 милијарди долари, покажуваат податоците на „Thomson Reuters“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП