„Audi“ ја претстави новата генерација на својата лимузина „A8“. Мораме да признаеме дека возилото не изгледа многу различно од порано, но сепак документите покажуваат дека „пораснал“ во димензии, добил многу нови технологии и се нуди во 12 екстериерни бои, а три од нив се целосно нови. Конзервативниот пристап, кој за некои може да биде здодевен, но повеќето од вистинските фанови на компанијата најверојатно би одобриле.
Се разбира, сето ова не значи дека возилото не е исполнето со футуристички елементи. Најголемата разлика во надворешноста е новата монолитна решетка, истакната со неколку козметички промени по нежни напред и назад. Покрај тоа, предните „HD Matrix LED“ светла добиле ново ласерско долго светло. Од компанијата додаваат дека новите светлосни снопови се со двојно поголем радиус од претходното долго светло што се чувствува најмногу при брзини над 70 км/ч, кога системот се активира.
Внатрешноста исто така се придржува кон футуристичката линија. Таму, новиот предводник на „Audi“ импресионира со нов виртуелен кокпит со дигитална табла што ги отсликува клучните индикатори на возилото во „Full HD“ резолуција од 1920 х 720 пиксели. Од друга страна, мултимедијалниот систем се потпира на 10,5-инчен дисплеј кој е споен со централната конзола.
Една од најголемите разлики во однос на сегашниот „A8“ e извонредниот недостаток на копчиња и прекинувачи во ентериерот. Ова се должи на новиот „Multi Media Interface“ на „Audi“, кој се потпира главно на сензорни дисплеи и гласовни команди, за да обезбеди пристап до различни функции на електронскиот систем на автомобилот. Онака, поконзервативните клиенти ќе можат да ги вршат основните операции преку копчињата на воланот. Возачите ќе знаат дека командите им се прифатени/исполнети коректно од системот преку звучниот фидбек.
А командите се многу. Од „Аudi“ велат дека новата „A8“ има 41 различни системи за асистенција на возачот, додека мултимедијалниот систем може да биде конфигуриран со 6 различни возачки профили и повеќе од 400 различни функции. Тие вклучуваат интелигентен навигациски систем со адаптивна функција поставувања на опционалниот „head-up“ дисплеј, можност за безжично поврзување на сите надворешни уреди, конфигурација на радарите, камерите и сензорите, поставување на аудио системот, кој може да биде нарачана со тридимензионална технологија која за првпат ќе се нуди како за предниот, така и за задниот дел на кабината, како и многу други.
Опремата на долгата база „A8 L“ вклучува релаксирачки задни седишта кои се навалуваат значително, за да ја зголемат удобноста на лицата кои седат при долги патувања. Истите имаат функции за ладење, греење и масажа, како и прагот со вградена функција за масажа на стапалата.
Меѓу системите не треба да го заборавиме автопилотот. „Audi“ е првиот производител кој користи ласерски скенер заедно со радар и други сензори за да се ориентира во просторот. Како таков, германскиот концерн тврди дека силниот автоматизиран систем ќе им овозможи на возачите да го пуштат воланот целосно кога се движат во зони со слаб сообраќај на автопат. Доколку брзината не надминува 60 км/ч, новиот „Audi A8“ може да управува и сам.
За време на паркирање, автономниот систем може да ја движи и паркира колата сам во гаражата или паркинг-место без возачот дури и да е зад воланот. Системот може да се активира преку смартфон и набљудуван од возачот во реално време од далечина.
Големи вести има и во однос на механиката на автомобилот, бидејќи секое ново „Audi A8“ ќе биде хибрид. Автомобилот излегува на пазарот со два турбо V6 мотор – 3.0-литарски „TFSI“ со 340 КС и 3.0-литарски „TDI“ со 286 КС. Секој од нив ќе работи во соработка со деликатен хибриден систем кој ќе и овозможува на лимузината да се движи до 40 секунди со исклучен мотор со внатрешно согорување при брзини од 55 до 160 км/ч. Од „Audi“ прецизираат дека во блиска иднина моделот ќе се нуди и со 4.0-литарски бензински и дизел „V8“ мотори, како и „W12“ мотор. Се очекува појава и на „e-tron plug-in hybrid“, кој ќе може да се полни директно од штекер.
Независно од конкретниот погонски систем, новото „Audi A8“ има погон на четири тркала и чисто нов 8-степен „tiptronic“ автоматски менувач.
Почетната цена е 90.600 eвра за основната верзија на „A8“, a за онаа верзија со „L“ ознаката е 94.100 евра.