16 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЏевахир Скај Сити дизајниран да обезбеди несекојдневни услови за живот

Џевахир Скај Сити дизајниран да обезбеди несекојдневни услови за живот

Современиот начин на живот и неговото брзо темпо носат потреба од животни решенија кои ќе го олеснат секојдневието, ќе ги намалат обврките и ќе остават повеќе време и простор за семејството, пријателите, за дружење и релаксација. Токму на тоа и се мислеше кога се почна со изградба на комплексот Џевахир Скај Сити кој е дизајниран да обезбеди несекојдневни услови за живот – висок комфор, сигурност, безбедност, можност за брзо задоволување на секојдневните потрошувачки потреби и истовремено контрола и заштеди во семејниот буџет.

Покрај модерно дизајнираниот станбен простор со квадратури според различни потреби и финансиски можности, комплексот обезбедува брзо вертикално движење низ него што е овозможено со функционалната поврзаност на станбениот простор со сите дополнителни содржини, трговскиот центар, базенот сауната, гаражниот простор. Движењето пак, се одвива со современи, модерни и високоефикасни лифтови кои искачувањето до највисоките катови го постигнуваат за многу кусо време. Секоја од кулите поседува по 6 лифтови од кои два се товарни и имаат посебна намена, еден за пренесување мебел, а другиот е сервисен и се користи и за трнаспорт на комуналаниот отпад од домаќинствата. Преостанатите четири, пак, се за секојдневна употреба.

Станарите на Џевахир Скај Сити истовремено добиваат обезбедување кое 24/7 ја гарантира сигурноста и безбедноста и на жителите и на домот, што е исклучително важно особено во денешно време кога секојдневно сме сведоци на кражби кои можат да имаат катастрофални последици.

Од посебно значење за секој оној кој решава да купи стан е и квалитетот на градбата. Во изградбата на комплексот користен е трослоен вентилиран фасаден систем со А класа сертификат кој нуди супериорна термална и звучна изолација, како и огнотпорност. Џевахир Скај Сити има сопствен, таканаречен ВРФ систем за греење и ладење кој претставува  паметно и ислучително енергетски ефикасно решение. Системот работи само кога е вклучен што дава можност за контрола на потрошувачката на енергија. Секој станар индивидуално може да одлучува кога и колку сака да го затоплува или разладува својот дом, со што се први контрола на сметките и се дава простор за заштеди во семејниот буџет.

Џевахир Скај Сити на своите станари со содржините вклучени во него ќе им обезбедува и повеќе слободно време. Едноставно, тие нема да треба да шетаат по продавници и маркети бидејќи трговскиот центар кој е во рамките на комплексот ќе има супермаркети и голем број продавници со реномирани брендови, каде што секој станар ќе може да ги задоволи своите потреби. Во негови рамки ќе има и дополнителни содржини за одмор и релаксација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП