22 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOUKITEL U22: Смартфонот со 4 камери (фото+видео)

OUKITEL U22: Смартфонот со 4 камери (фото+видео)

Пред неколку дена компанијата „OUKITEL“, позната по своите смартфони со големи батерии, пушти на пазарот нов уред – „U22“.

Тој на прв поглед го привлече вниманието на новинарите со четирите камери. Освен тоа, производителот објави видео на кое демонстрира дел од можностите на новиот телефон.

Веднаш се забележува ергономскиот кор во стил на смартфоните на „HTC“, извитканиот дисплеј 2.5D и „Android 7.0“ во комбинација со компанискиот интерфејс на „OUKITEL“.

Смартфонот исто така ја нуди функцијата за вклучување кога ќе ги доближите до увото. Овозможува уште цртање на екранот со помош на посебни апликации и е опремен со скенер за отпечатоци.

Да не ги заборавиме и четирите камери – две од нив се на предниот панел, а две на задниот.

Камерите се опремени со вградени ефекти. Судејќи според видеото, тие се справуваат добро со фотографирањето во услови на недоволна осветленост.

„OUKITEL U22“ претстои да се појави во продажба веќе следниот месец. Засега смартфонот е достапен само со претходна нарачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП