18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWeChat Pay веќе е во Европа

WeChat Pay веќе е во Европа

Кинескиот интернет гигант „Tencent“ ја лансираше својата платежна услуга „WeChat Pay“ во Европа овој понеделник, упатувајќи предизвик на „Alipay“, која е во сопственост на „Ant Financial“ на „Alibaba“, пишува „CNBC“.

„WeChat“ е голема социјална мрежа, која има 938 милиони активни корисници месечно. „Tencent“ соработува со германската компанија за порамнувања „Wirecard“ за да им овозможи на европските трговците да ја прифатат „WeChat Pay“ како опција.

Потегот е наменет особено кон кинеските туристи кои ја посетуваат Европа и може да не е дури таков предизвик за играчи како „Apple Pay“ и „Samsung Pay“ кои исто оперираат во делови од Европа.

Кинеските корисници се навикнати да ги користат мобилните платежни услуги како „WeChat Pay“ за сè – од ангажирање на услуги за споделено патување до шопинг. Кога одат во странство, тие сакаат да ги уживаат истите услуги.

Кинеските туристи потрошиле најмногу во 2016-та година. Тие дадоа вкупно 261 милијарди долари зад границата според Светската туристичка организација на ОН. Тоа е привлечен пазар кој „Tencent“ се обидува да го заземе.

Но таа ќе мора да ја стигне „Alipay“, која започна операции во Европа во 2015-та година, а потоа да направи експанзија и на други пазари, како Јужна Африка. „Tencent“, рече дека во Кина има 600 милиони активни корисници на „WeChat Pay“. Во меѓувреме „Alipay“ објави дека бројот на нејзините активни потрошувачи достигна 450 милиони лица.

„Во моментов, проблемот е дека многу од кинеските туристи ги немаат правилните платежни инструменти. Шопингот е незаменлив дел од патувањето. За секој трговец, насочен кон кинеските клиенти во сегментот со луксузните стоки, патувањата или забавата, ова е задолжителна проверка“, коментира Маркус Ејчингер, извршен вицепредседател за глобалната производна стратегија на „Wirecard“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП