22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали некој ќе преземе одговорност за случајот Макпетрол

Дали некој ќе преземе одговорност за случајот Макпетрол

Скандалозен е молкот на Македонските институции, во врска со случајот за превземањето на Макпетрол, кој веќе се одолговлекува повеќе од 1 година, без основани причина за тоа, а вработените, акционерите и пошироката јавност се лишени од било какви информации во врска со случајот.

Во целиот период на одолговлекување, во јавноста се појавуваа бројни загрижувачки информации за тоа кој сака да го превземе Макпетрол и каква би била судбината со Макпетрол, а со тоа и судбината на акционерите, вработените и со останатите фирми кои се основани од Макпетрол, како и тоа што ќе се случи со енергетскиот сектор во Македонија.

Институциите не дадоа одговор, кој сака да го превземе Макпетрол, какво е потеклото на капиталот, дали офшор фирма со еден вработен со сомнително минато, основана 10 дена пред давањето на намерата за превземање со капитал од само 1000 евра, има капацитет и желба да продолжи со тековно работење на Макпетрол, дали преземачот доставил уредна банкарска гаранција и ако доставил до кога важела, како и на многу други пршања и нејаснотии кои се појавија во јавноста.

Имајќи во предвид дека во меѓувреме КХВ реши повеќе случаи за превземања на акционерски друштва, неспорно е дека КХВ намерно ја одолговлекува постапката за случајот Макпетрол, од причина само на нив позната.

Покрај КХВ, одговорност во случајот „Макпетрол“ има и Централниот депозитар за хартии од вредност, каде според законските правила, како обезбедување на понудата  преземачот  поднесува банкарската гаранција за преземањето. ЦДХВ, и покрај инсистирањето на новинарите, во ниеден момент не одговори дали „БХПЛ“ ја поднела банкарската гаранција и колку таа е валидна.

Дали сомнителниот молк на, ќе доведе до поведување на одредени постапки, против одговорните лица во институциите.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП