27 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови нереди во Хамбург по самитот Г20, демонстрантите палеле се пред себе(видео)

Нови нереди во Хамбург по самитот Г20, демонстрантите палеле се пред себе(видео)

Нови нереди избувнаа рано утрово на улиците во Хамбург по завршувањето на самитот Г20, при што демонстрантите запалија голем број возила, соопшти полицијата.

Демонстрантите се собраа по завршувањето на самитот во местото Шанзен, упориште на екстремните левичарски радикали каде од четвртокот неколку пати дошле до судир со полицијата, пренесува АФП.

Наоружани со шишиња, демонстрантите фрлале кон возилата, меѓу кои многу се запалиле, додека полицијата против нив употребила водени топови и солзавец, објави полицијата на Твитер, нагласувајки дека повеќе полицајци се повредени, а десетици луѓе се приведени.

Според најновите податоци кои ги соопшти полицијата вчера, околу 213 полицајци се повредени од четвртокот, а 143 луѓе се приведени, додека точни податоци за повредени демонстранти сеуште нема.

Во четвртокот имаше марш од околу 12 илјади луѓе против глобализацијата, кој според првобитните информации требаше да биде мирен, но се претвори во насилен, а во петокот дојде до судир меѓу толпата и полицијата, токму кога лидерите од Г20 го започнаа дводневниот состанок за клучните глобални прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП