Работите кај „Mercedes-Benz“ продолжуваат да се развиваат одлично, па за првите 6 месеци од годината компанијата од Штутгарт успеа суштински да ја зголеми продажбата на своите автомобили. Благодарение на тоа беа подобрени неколку рекорди.
За првото полугодие во целиот свет компанијата продала 1.144.274 нови автомобили, што е со 13,7% повеќе од истиот период за 2016-та година. Само за јуни резултатот е 209.309 продажби, па брендот „Mercedes“ е лидер во луксузниот сегмент на пазарите во Германија, Италија, Франција, Белгија, Португалија, Австрија, Јужна Кореја, Јапонија, Австралија, Тајван, САД и Канада.
Најмногу автомобили за 6 месеци се продадени во Европа – 484.120. Во пацифичкиот регион резултатот е 438.710, а во Кина – 292.679, а растот во оваа држава, која е и најголемиот пазар на светот, е 34,5%. Во земјите од „NAFTA“ (САД, Канада и Мексико) зголемувањето е помало – со 2,1%, а таму биле продадени 193.899 нови автомобили.
Бестселерот на брендот е „Mercedes-Benz C-Class“, од кој во периодот јануари-јуни се продадени 210.000 единици. Сериозен раст од 68,4%, забележува и „E-Class“ со резултат 181.490 примероци. Добро се претставуваат и кросоверите – 385.044 нови автомобили за 6 месеци, што е зголемување за 13,4%.