5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја презеде контролата над 965 компании по обидот за преврат

Турција ја презеде контролата над 965 компании по обидот за преврат

Турските власти ја презеле контролата над 965 компании со вкупен годишен обрт од околу 21,9 милијарди фунти (6 милијарди долари) во текот на годината по обидот за државен удар во јули 2016-та година.

Ова го соопшти вицепремиерот Нуретин Чаникли, пренесува агенцијата „Reuters“, цитирана од светските агенции.

Според правилата на вонредната состојба, воведена по обидот за преврат, турските власти ја презедоа контролата врз компаниите, осомничени за врски со следбениците на исламскиот проповедник Фетхулах Гулен, сметан од Анкара за инспиратор на превратот. Гулен ги негира обвинувањата.

Збирот од средствата на 965-те компании под државна контрола, кои се наоѓаат во 43 окрузи во Турција изнесува околу 41 милијарди фунти (11,3 милијарди долари), а во нив работат 46.357 лица, соопшти Чаникли.

Турција ја презеде контролата врз банки, индустриски и медиумски компании во рамките на чистка по обидот за преврат.

Заедно со тоа над 50.000 лица, вклучувајќи и воени, полицајци, наставници, државни службеници, беа испратени во затвор за наводни врски со терористички групи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП