2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCanon може да добие „солена“ казна од Европската комисија

Canon може да добие „солена“ казна од Европската комисија

Акциите на „Canon“ ја достигнаа најниската цена по повеќе од два месеци, откако регулаторите во Европската унија (ЕУ) изјавија дека може да ја казнат компанијата со 10% од нејзините годишни приходи поради нарушувањата поврзани со купувањето на единицата за медицински производи на „Toshiba“, пренесува „Ројтерс“.

Европската комисија (ЕК) тврди дека „Canon“ ги прекршила правилата, откако користела привремен купувач за трансакцијата, пред да ги добие соодветните одобренија.

10% од годишните приходи на „Canon“ се изедначува на 2,9 милијарди долари.

Зделката за 6 милијарди долари беше завршена минатата година и изненади многумина во тоа време токму со овој необичен метод кој и овозможи „Toshiba“, на која и беа потребни средства по сметководствениот скандал, да ги добие приносите околу крајот на фискалната година во март.

„Fujifilm Holdings“, која исто така се наддаваше за единицата, изјави дека тоа е „исмејување со законот“.

Во изјавата „Canon“ најави дека ќе реагира адекватно, но не даде друг коментар, бидејќи го чека конечното решение на регулаторите.

Како резултат на вестите акциите на компанијата ја намалија својата вредност со 3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП