27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo: Oд 2019-та само хибридни и електрични автомобили! (видео)

Volvo: Oд 2019-та само хибридни и електрични автомобили! (видео)

„Volvo“ објави дека од 2019-та година ќе го стопира произвдството на модели кои за погон користат исклучиво бензински или дизел мотори. Наместо нив, купувачите ќе можат да изберат само хибридни или електрични автомобили на овој производител.

Покрај развојот на авто-пилот, „Volvo“ се насочи и на постепено на згаснување на производството на возила кои користат мотори со внатрешно согорување. Првиот чекор кон целосна електрификација е насочување кон хибридни и чисто електрични автомобили.

Компанијата соопшти дека до 2019-та ќе престане да избротува возила кои користат исклучиво бензински и дизел мотори, и дека понудата на „Volvo“ возила ќе ја ограничи на „plug-in“ хибридни автомобили кои во себе имаат комбинација на електромотор и мотор на бензин, како и целосно електрични модели.

Во план е од 2019-та до 2021-ва, „Volvo“ на пазарот да претстави три чисто електрични модели и две спортски електрични верзии со ознаката „Polestar“.

„Одлучивме да ставиме крај на „Volvo“ автомобилите кои за погон користат само дизел или бензински мотори“, изјави првиот човек на компанијата, Хокан Самуелсон.

„Покрај тоа, планираме до 2025-та да продадеме милион електрифицирани автомобили – хибриди и модели на струја“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП