19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoundCloud скратува 40% од вработените

SoundCloud скратува 40% од вработените

Германската музичка компанија „SoundCloud“ ги затвора канцелариите во Лондон и Сан Франциско скратувајќи 40% од вработените во рамките на сериозното намалување на трошоците, пишува „Music Business Worldwide“.

Компанијата веќе им објави на вработените дека биле отпуштени 173 вработени од вкупно 420. „SoundCloud“ ќе ги консолидира операциите во своите канцеларии во Њујорк и Берлин.

Последните финансиски податоци за претставувањето на „SoundCloud“ се за 2015-та година, кога компанијата постигна 21,6% раст на приходите до 21,1 милиони евра (22 милиони долари), но нето загубата се зголемила за 30.9% до 51,2 милиони евра.

Кога овие податоци беа објавени, главниот извршен директор на „SoundCloud“, Александар Лонг посочи дека компанијата може да остане без готовина пред крајот на 2017-та година, ако не си обезбеди ново финансирање.

Неодамна се појавија гласини дека „Deezer“ може да го купи „SoundCloud“ во наредните месеци.

„Треба да обезбедиме долгорочен, независен успех“, коментира Лонг на блогот на компанијата. „Со намалувањето на трошоците и континуираниот раст на приходите, ние сме на патот кон профитот и ја контролираме независната иднина на „SoundCloud““.

„SoundCloud“ загуби барем четворица претставници на менаџментот само во оваа година. Во мај таа се збогуваше со главниот директор за содржина Стивен Брајан, кој се приклучи на својот поранешен колега од „Warner“, Лиор Коен на „YouTube“.

Заминувањето на Брајан се случи само три месеци откако „SoundCloud“ се раздели со својот главен оперативен директор Марк Стригл и со финансискиот директор Маркус Хардер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП