3 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИNokia и Zeiss заедно во ерата на Android

Nokia и Zeiss заедно во ерата на Android

Компанијата „HMD Global“, сопственик на брендот „Nokia“ и позната компанија за производство на оптиката „Zeiss“ објави партнерство со цел да се постават нови стандарди во областа на фотографирањето и снимањето во индустријата на паметни телефони.

Компаниите наведуваат дека соработката е заснована на претходно заедничко искуство и стручноста кои ги споделуваат компаниите „Zeiss“ и „Nokia“, и заедничката желба да се подобри квалитетот на снимање и фотографирање со телефони.

Соработката се однесува на заедничката работа на повеќе полиња, од софтвер, преку сервис, до квалитет на екрани и оптички дизајн, што доведе до нови можности при снимањето и фотографирањето.

Соработката двете компании ја започнаа уште пред повеќе од една деценија и ги предводеше технолошките иновации, како што е првиот мобилен телефон со мулти-мегапикселна камера и други уреди кој поставуваа стандарди, од телефоните на „Nokia“ од серијата „N“ до оние со „Nokia PureView“ технологија.

„Посветеноста за постојано подобрување на корисничкото искуство при снимање и фотографирање со смартфоните претставува одраз на заедничката вредност – посветеност на квалитетот, врвна изработка и желба да се подобрo корисничкото искуство“, истакнуваат двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП