5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо Џевахир Скај Сити и Македонија станува дел од светскиот модерен начин...

Со Џевахир Скај Сити и Македонија станува дел од светскиот модерен начин на живот

Станбениот комплекс Џевахир Скај Сити на сите сегашни и идни станари, односно на оние кои веќе се решија да купат стан во комплексот како и на оние кои тоа допрва ќе го сторат, им нуди еден сосема нов начин на живот, несекојдневен за наши услови. Со него за прв пат и Скопје добива високо квалитетни станбени висококатници какви ги има во другите светски метрополи со што и Македонија станува дел од светскиот модерен начин на живот.

Џевахир Скај Сити е единствен комплекс во Македонија кој нуди од една страна живот на височина и од каде Скопје е на дланка, а од друга дава комплет на содржини кои ќе го олеснат животот на станарите и ќе му дадат нов комфор.

Комплексот два можност за природна вентилација и свеж воздух и живот далеку од најзагадените и бучни делови, кои се карактеристични за главниот град кој, особено во зимските месеци, се зафатени со смог. Истовремен тој е изграден по најнови безбедносни стандарди со примена на модерни технологии и високо квалитетни материјали, што се заедно дава градежна стабилност и сигурност.

Но она што особено го одвојува од други станбени комплекси се содржините кои ќе им стојат на располагање на станарите – затворениот базен, фитнес центарот како и детското ќоше. Истовремено четирите виококатници кои го сочинуваат целиот комплекс ќе бидат поврзани со трговски центар кој ќе има супермаркет и голем број продавници со реномирани брендови, кои ќе ги задоволат потребите и барањата на станарите во комплексот, но и на вкупната популација во градот и државата. Трговскиот центар, исто така ќе содржи и неколку ресторани и кафе барови за одмор и релаксација.

Едноставно, Џевахир Скај Сити кој е лоциран во најурбаната општина во земјава – Аеродром, е единствен во секој поглед и е она што му недостасуваше и на Скопје и на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП