6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОхридското тло не мирува, охриѓани веќе 19 дена живеат во страв

Охридското тло не мирува, охриѓани веќе 19 дена живеат во страв

Охридското тло сеуште не мирува, во текот на изминатата ноќ и утрово се регистрирани серија на потреси во охридското епицентрално подрачје.

Најсилниот се случи во 7 часот и 18 минути со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 8 километри источно од селото Косел. Две минути порано тлото под Охрид се тресеше со интензитет од 3,3 степени.

Во 4.32 минути се случи уште еден земјотрес со јачина од 3.1 степен. Силен потрес регистриран е и во 1 часот и 7 минути со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.

Претходно биле почувствувани неколку послаби потреси, последниот во 19.34 часот со јачина од 2,6 степени.

Од 18 јуни до сега во охридскиот регион се случија над 1200 земјотреси. Најсилниот беше со магнитуда од 5 степени по Рихтер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП