28 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСледниот VW Golf или автомобилот на иднината?

Следниот VW Golf или автомобилот на иднината?

Компанијата „Volkswagen“ покажа експериментален електричен автомобил кој го носи името „Gen.E“. Прототипот дава идеја за идните модели на германската марка, вклучувајќи и следната генерација на бестселерот „Golf“. Премиерата на машината ќе се одржи на 12-ти септември во Франкфурт.

Автомобилот претставува хечбек со 3 врати и 4 места. Вратите се во стил „крилја на галеб“, така се отвораат нагоре. Моделот има „LED“ дневни светла, кои се целосно во стилот на електричниот „Golf“.

Во основата на „Volkswagen Gen.E“ е вметната „иновативна лесна архитектура“, која обезбедува максимална безбедност на возилото при судир. Во предниот дел се поставени сензори и радари, а под шофершајбната има камера. Машината е опремена со систем за автономно движење.

Батериите на електричното возило ќе можат да се полнат како посебни полначи на станици, така и од стандардната електрична мрежа. Детали за агрегатот и за капацитетот на акумулаторите не се објавени, но е познато дека со едно полнење автомобилот ќе може да помине околу 400 километри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП