2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДепонијата во Струга повторно гори: Стружани го фрлаат ѓубрето пред општината

Депонијата во Струга повторно гори: Стружани го фрлаат ѓубрето пред општината

Депонијата во Струга од вчера попладне повторно гори. Револтирани стружани ноќеска оставиле ѓубре пред општинската зграда со цел да им укажат на надлежните дека треба да се преземат мерки за надминување на проблемот и постојан надзор над депонијата за да не дојде до повторно палење.

Струшката иницијатива „Доста“ ги повика граѓаните да се јавуваат до надлежните и да пријавуваат проблеми со депонијата. „Бидејќи надлежните никако не успеваат да најдат решение за струшкото ‘чудовиште’, а згора на тоа, општина Струга распиша и нов тендер за одржување на депонијата, од денес почнуваме со кампања на телефонски јавувања до нив“, стои во повикот на граѓанската иницијатива „Доста“.

Тие ги повикуваат сите жители кои се засегнати од овој проблем да го искажат својот револт јавувајќи се до надлежните.

Општина Струга неодамна распиша јавен повик за доделување  јавна набавка за одржување на дивата струшка депонија. Овој пат во износ од 5 милиони денари. Од „Доста“ реагираа, бидејќи според нив, ова значи дека локалните и централните власти планираат да продолжат да ја користат дивата струшка депонија, а со тоа и населението ќе продолжи да се трујат.

„Ние како иницијатива ќе ги искористиме сите можни механизми да делуваме со цел затворање на сегашната дива депонија и определување локација која би била побезбедна за одлагање отпад. Воедно апелираме до сите вас активно да се вклучите и да го искористите вашето знаење и влијание да делуваме кон решавање на проблемот“, повикуваат од иницијативата.

На денешната собраниска седница сите 104 присутни пратеници го поддржаа предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за депонијата во Струга е 36 точка на дневниот ред на денешната собраниска седница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП