18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus продаде 140 авиони во договорот вреден 23 милијарди долари

Airbus продаде 140 авиони во договорот вреден 23 милијарди долари

Авионската компанија „Airbus“ потпишала договор за продажба на 140 авиони на Кина во договорот вреден 23 милијарди долари.

Договорот склучен за време на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг во Германија, е за 100 авиони „A320“ и 40 од моделот „А350“, објави компанијата во соопштението.

„Ова е една од најголемите зделки која сме ја склучиле по долго време“, изјави извршниот директор на „Airbus Group“, Том Ендерс при потпишувањето на договорот во Берлин.

Авионите ќе бидат купени од државната „China Aviation Supplies“, од која потоа ќе бидат распределени за кинеските авиокомпании.

„Airbus“ продаде дел од своите активности во воениот сектор во минатата година и одвои поголеми износи за финансирање, откако европските агенции ја прекинаа поддршката за кредити за извоз во позадина на истрагата за корупција, започната од САД.

Минатата година компанијата претрпе сериозни неуспеси во однос на продажбата на своите водечки модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП