Skopje City Mall со големиот “Late Night Shopping” ја отвори сезоната на летните попусти и намалениja, а сега започна и летната кампања “Summer Mall”.
Во перидот што следи трговскиот центар ќе биде остров на забава со пријатна клима и амбиент, каде што посетителите ќе можат да купуваат по намалени цени. Избегајте од летните горештини и уживајте во шопинг на попуст, учествувајте во игрите и бидете дел од интересните активности кои што ги подготви Skopje City Mall за ова лето, а дополнително ќе ги објавува на нивните социјални медиуми.
Низ трговскиот центар се поставени специјално дизајнирани корнери кои ги отсликуваат 4-те најпознатите светски острови, декорирани со за нив карактеристични елементи. Хавајскиот остров претставува класичен “Aloha Hawaiian Party” исполнет со песок, маса со детали, маски, палми, укулеле гитара и хавајски венци од цвеќе. Со Virgin Islands, попознати и како Пиратски острови, се доловува како изгледа една мала пиратска забава, со песок, ковчег, пиратско знаме, бродско тркало, палми и папагал. Во катчето посветено на Мексико, е претставен мексиканскиот остров Козумел, украсен со песок, маријачи гитара, пончо, сомбреро шешири, текила, палми и кактуси, начос и кастањети. Skopje City Mall ја доближува и Куба преку сламена колиба, пури во cigar bar и кубанско кафе, мохито коктел, кубански шапки и гитара и сл.
Skopje City Mall подготви и специјална игра со над 500 подароци (таблет, дрон, велосипед, тротинет, месечна карта за базен Полет (Олимписки базен), 2 х неделни карти за базен Полет, топки за плажа, душек за вода, 2 х кино карти за филм во Cineplexx, како и боулинг ваучер за една игра). Правилата за играта може да ги погледнете на www.skopjecitynall.mk/summer.
Skopje City Mall ги повикува сите кои се подготвуваат за летото да дојдат во трговскиот центар и да уживаат во забава и шопинг на попуст, а воедно и да ја почувствуваат магијата на најпосакуваните летни дестинации на едно место.