Најпродаван автомобил на планетата за првите 5 месеци од 2017-та година повторно е „Toyota Corolla“. Тоа го објави агенцијата „Focus2Move“, која се занимава со истражување на светските автомобилски пазари.
Експертите посочуваат дека како целина кросоверите и теренеците продолжуваат да го заземат пазарот, а најголем активен во овој поглед е Кина. Околу 75% од автомобилите продадени во земјата за овој период, се од овој сегмент. На глобално ниво на кросоверите паѓаат околу 30% од продажбата на нови автомобили.
Сепак „Corolla“ продолжува да е убедлив лидер во рангирањето со 538.249 примероци за периодот јануари-мај. Моделот на „Toyota“ дури оствари раст на продажбата – со 0,2%.
Топ 10 во светот за 2017-та година:
Toyota Corolla – 538.249 (+ 0,20%)
Ford F-Series – 424.531 (+ 8.30%)
Volkswagen Golf – 366.550 (-11,00%)
Honda CR-V – 334.497 (+ 9,70%)
Honda Civic – 320.603 (+ 24,80%)
Toyota RAV4 – 310.694 (+ 7,30%)
Volkswagen Polo – 282.010 (-4,80%)
Ford Focus – 281.721 (-8,50%)
Volkswagen Tiguan – 281.168 (+ 44,20%)
Ram pick-up – 254.605 (+ 8,70%)
Објавено е уште дека за првите 5 месеци од годината глобалната продажба на нови автомобили скокна за 4%. Најзначителен раст на продажбата оствари „VW Tiguan“, кој точно пред една година ја заземал 22-та позиција. Одлично се претстават „Nissan Rogue“ и „Honda Civic“, кон кои корисничкиот интерес се искачил со 33,1 и 24,8 %.