23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАOд словенските држави, само Србите имаат повеќе оружје од Македонците

Oд словенските држави, само Србите имаат повеќе оружје од Македонците

Србија е лидер од словенските земји со најмногу регистрирано оружје, а одма позади неа е Македонија, според податоците на „Вашингтон пост“ од 2016 година. Овие податоци сугерираат дека во Македонија има 24,1 парчиња оружје на 100 жители.

Сајтот „Славорум“, кој ги пренесе овие податоци предупредува дека тие треба да бидат сфатени сериозно, бидејќи во многу држави има многу нерегистрирано оружје, што значи дека бројките на мапата можат да бидат и многу поголеми.

Според тие податоци Србија има 37,8 парчиња оружје на 100 жители, втора е Македонија со 24,1 парче оружје, а следуваат Црна Гора 23,1, Хрватска 21,7 и Босна и Херцеговина 17,3.

Жителите на Чешка имаат 16,3 парчиња оружје на 100 жители, Словенија 13,5, Русија 8,9, Словачка 8,3, Белорусија 7,3, Украина 6,6, Бугарија 6,2, а најмалку оружје на 100 жители имаа Полска – 1,3.

Според истите податоци на ниво на цела Европа најмногу оружје на 100 жители имаат Швајцарците – 45,7, потоа следуваат Швеѓаните 45, 3.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП