4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ќе инвестира уште 18 милијарди долари во бизнисот со чипови

Samsung ќе инвестира уште 18 милијарди долари во бизнисот со чипови

Најголемиот производител на чипови за меморија во светот „Samsung Electronics“ најави дека ќе направи нова инвестиција во износ од 20,4 илјади милијарди вона (18 милијарди долари), за да го прошири своето присуство на овој пазар во Јужна Кореја, пишува „Bloomberg“.

Откако потроши 15,6 илјади милијарди  вона за своја фабрика, кој се наоѓа јужно од Сеул, вкупната инвестиција во него ќе се зголеми до 30 илјади милијарди вона до 2021-ва година, се посочува во соопштението на компанијата.

„Samsung Electronics“, која ќе даде 6 илјади милијарди вона и за проширување на производството во Хуасон, исто така размислува создавање на нова локација за производство на органски диоди до 2018-та година, плус втора продуктната линија во Ксиан, Кина.

Иако е позната на корисниците со своите смартфони и телевизори, „Samsung“ има бизнис со чипови, кој носи најголем дел од нејзиниот профит. Благодарение на него таа испорачува чипови на производителите на смартфони, компјутери и други уреди. Во 2016-та година чиповите генерираа 46,5% од оперативната добивка на компанијата, покажуваат податоците собрани од „Bloomberg“.

Акциите на Samsung останаа без промена во вредноста, па се тргуваа по цена од 2,361 милиони. вона кон 11:48 часот по локално време во Сеул.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП