3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРадош Вукиќевиќ нов Генерален Директор на "ВВ Тиквеш"

Радош Вукиќевиќ нов Генерален Директор на “ВВ Тиквеш”

На седница на Надзорниот и Управниот одбор, винарската визба „Тиквеш“ донесе одлуки за назначување на Радош Вукиќевиќ за член на Управниот одбор и Генерален Директор на Друштвото.

Г-динот Вукиќевиќ се приклучува на тимот на „Тиквеш“ со богато професионално искуство и докажани кариерни успеси, со што значително ќе допринесе кон остварување на зацртаната стратегија на компанијата и нејзиниот понатамошен развој.

Радош Вукиќевиќ е искусен професионалец кој одлично ја познава винската индустрија и самиот „Тиквеш“, со оглед на тоа што од почетокот на 2010 до средината на 2013 година беше менаџер за маркетинг и односи со јавност во компанијата.

Во својата досегашна кариера, Вукиќевиќ работел и на други одговорни позиции, како претставник на компанијата „Кока-Кола“ (The Coca-Cola Company) за Македонија, како и регионален менаџер за продажба и директор на сектор за управување со ланецот за набавки и логистика во компанијата „Алкалоид“, каде стекнал драгоцени искуства и вештини од областа на менаџментот, продажбата и развојот на нови пазари.

Во изминатите четири години ја извршуваше функцијата економски промотор на Република Македонија со седиште во Софија, одговорен за пазарите на Бугарија и Србија.

Тимот на ВВ „Тиквеш“, дополнет со искусен професионалец каков што е Радош Вукиќевиќ, ќе продолжи со остварување на зацртаната стратегијата на „Тиквеш“ за долгорочен одржлив развој преку континуирани вложувања во технологија, во иновации и производство на автентични, висококвалитетни вина и нивен пробив на светските вински пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП