3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi ќе постави заден пренос на RS-моделите

Audi ќе постави заден пренос на RS-моделите

Компанијата „Audi“ планира да започне да нуди модели од гамата „RS“ само со заден пренос. Нивната цел ќе биде да се натпреваруваат со автомобилите на „Mercedes-AMG“ и „BMW M GmbH“. Ова го соопшти пред изданието „Auto Express“ шефот на единицата „Audi Sport“, Стефан Винкелман.

Од зборовите на топ-менаџерот станува јасно дека ваквиот потег бил размислуван уште во времето кога спортската поделба на брендот се викаше „Quattro GmbH“. Идејата за изработка на слични машини ќе помогне за иднината и развојот на компанијата како целина.

„Ние сме свесни дека ознаката „Quattro“ ги заведува во голема мера нашите клиенти. Тоа е систем за погон на четири тркала и е една од работите кои го прават „Audi“ голема марка. Во исто време името не е сосема правилно и ги збунува луѓето. Затоа сметам дека треба да им понудиме на нашите клиенти автомобили, кои ќе бидат достапни само со заден погон“, објасни Винкелман.

Шефот на „Audi Sport“ додаде дека на автосаемот во Франкфурт во септември компанијата ќе покаже 2 нови модели на „Audi“ со индексот „RS“, но не прецизираше кои ќе бидат тие. Сигурно подоцна ќе се појават и „RS“-верзии на идните електрични модели на марката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП